АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од АстраЗенека соопштија дека иницирале отповикување на вакцините за Ковид-19 ширум светот поради „вишокот достапни ажурирани вакцини“ од пандемијата.

Соопштението доаѓа откако фармацевтската компанија доброволно го повлече одобрението за пласирање на лекот на пазарот во Европската унија во март.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба. Во соопштението за печатот, АстраЗенека вели дека одлуката е донесена затоа што сега има голем број нови достапни вакцини кои се приспособени на новите варијанти на коронавирусот. Ова доведе до пад на побарувачката за вакцината на АстраЗенека, која повеќе не се произведува ниту се испорачува.

„Со оглед на тоа што оттогаш се развиени повеќе варијанти на вакцината за Ковид-19, има вишок на ажурирани вакцини на располагање“, информира компанијата, додавајќи дека ова доведе до пад на побарувачката за Vaxzevria, која повеќе не се произведува ниту се испорачува.