Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно откри дека вакцината „Астра Зенека“ нема да биде наменета на лицата под 60 години.
Тој посочи дека во текот на вчерашниот ден имало нови ставови на Агенцијата за лекови во Канада и во Германија каде се укажува дека вакцината на АстраЗенека на лица под 60 години не се дава.
„Вечерва разговаравме, и ние заземавме став. Почнуваме секако со постарите граѓани, кај кои ваквите несакани ефекти не се случиле. Во меѓувреме ќе пратиме писмо до ЕМА, а до тогаш ќе ги примениме препораките на овие две земји. Значи овие вакцини нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Секако фокус се постарите граѓаните“, порача Филипче.
Министерот додаде дека ќе се обратат до ЕМА, а според одговорот и тие ќе постапат согласно препораките.
