Астронаутите кои не можеа да се вратат на земјата: Тешко е да се гледа како бродот си заминува без нас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајцата американски астронауѕти кои беа во вселената осум месеци, рекоа дека им било тешко да го гледаат нивниот нефункционален брод како ја напушта Меѓународната вселенска станица без нив. Меѓутоа тие биле обучени да го очекуваат „неочекуваното“.

Суни Вилјамс и Буч Вилмор се појавија среќни и во добра состојба во петокот, откако мораа да останат во вселената поради дефект на леталото Старлајнер на Боинг.

„Ова е моето среќно место“, рече Вилиајмс, и призна дека и недостигале нејзиното семејство и нејзините кучиња.

Двајцата се заблагодарија на луѓето за нивните пораки и молитви.

Вселенското летало Старлајнер падна без екипаж во пустина во Ново Мексико на 7 септември завршувајќи ја тримесечната пробна мусија нарушена со технички проблеми што ги принудија Вилмор и Вилијамс да останат таму.

Вилмор и Вилјанс ќе се вратат на Земјата со вселенското летало „Спејс Икс“ во февруари 2025 година.