Атанасов: Пандемијата покажа дека имаме слаб образовен систем

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професор Д-р Петар Атанасов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека пандемијата покажала дека имаме слаб образовен систем.

„Пандемијата покажа дека имаме слаб образовен систем, особено во основното образование, и во средното образование, но во основното не правиме никаква производ. Нема никаков квалитет. Пандемијата и онлајн образованието покажаа дека просечните наставници не станаа подобри наставници и подобри педагози. Пандемијата и онлајн образованието покажаа дека децата од имотните родители многу подобро поминале, им ги обезбедија сите потребни алатки“, вели Атанасов.

Тој посочи дека доколку државата тука е некаков фактор, требало да го обезбеди тоа.