Професор Д-р Петар Атанасов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во изминатите 30 години немало никаква контрола на квалитет на лицата кои влегуваат во образовниот систем.
„Во многу големи периоди во последниве 30 години немаше никаква контрола на квалитет на лицата кои влегуваат во образовниот систем. За сите партии ова важи. Не велам дека во партиите нема квалитетни кадри, не велам дека во партиите нема луѓе кои и те како се во образованието по 20 години, но контролата на квалитет изостана и одеднаш сега имаме систем кој има луѓе што не треба да се таму, луѓе кои немаат доволно квалитет да произведуваат некаква вредност и луѓе со кои едноставно институциите не функционираат“, истакна Атанасов.
