Авион на Спирит Ерлајнс се запали при полетување во американскиот град Атлантик Сити, пренесе РИА Новости.
Спасувачките екипи ги евакуираа сите патници и екипажот.
Според NBC 10, пожарот бил предизвикан од птица што влегла во десниот мотор на авионот додека тој се уште бил на земја.
„Нема извештаи за сериозни повреди. Аеродромот повторно е отворен“, напиша Фил Марфи, гувернер на Њу Џерси.
Авионот патувал за Форт Лодердејл, Флорида.
