После вчерашното „лудо“ полуфинале во Париз, и победата на ПСЖ од 5-4 над Баерн Минхен, вечерва во второто во Мадрид помеѓу Атлетико и Арсенал беше значајно „помирно“.
Нерешено заврши мечот 1-1, и тоа со два гола од пенал. Најпрво поведе Арсенал во 44. минута со гол од белата точка на Ѓокереш, а израмни во вториот дел Алварез исто така со погодок од 11 метри во 56. минута.
Атлетико беше поблиску до предност, со оглед дека ја погоди и пречката преку Гризман. Беше досуден уште еден пенал за Арсенал, но истиот беше поништен по преглед на ВАР снимката.
Патникот во финалето ќе се решава на реваншот во Лондон идната недела.
