Атракција во Прага – ова е најтесната улица на која има семафор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако некогаш сте се нашле во Прага среде туристичка врева и изгубени меѓу десет групи странци, сигурно сте посакале скриено место само за себе, за кое никој друг не знае.

Еве една мала тајна – тоа место постои, само многумина не го забележуваат. И се наоѓа во центарот на градот!

Тоа е најтесната улица во Прага во прекрасниот, стар дел од градот. Ова е улица за една личност (или една колона). Имено, улицата е долга околу 10 метри и широка е само 50 сантиметри. Незгодно е да се разминат две лица, освен ако и двајцата не се многу витки, пишува Пун куфер.

Толку е тесно што има семафор на двата краја за пешаците, што покажува кога може да влезете, односно за да сте сигурни дека никој не доаѓа од спротивната насока. И секако вие сте тие што треба да кликнат на копчето што ќе покаже на другата страна дека некој поминува.

Со оглед на тоа дека сепак можете од едниот крај на улицата да го видите другиот и да го процените тоа, сепак се работи за симпатична инсталација која дава посебен шарм. Малкумина го сфаќаат сериозно и повеќе служи за позирање пред камера отколку за регулирање на движењето.

Кога повторно ќе ја посетите Прага, побарајте го овој сокак во населбата Мала страна, т.е. мала четвртина. Близу е до славнот Карлов мост, а се вика Vinarna Certovka.

Покрај улицата се наоѓа и ресторан, а неговиот сопственик со радост на гостите им раскажува урнебесни анегдоти од улица на кои бил сведок.