АТС Груп подари 50 контејнери на Македонски Брод – „Со донацијата ќе се заштити и зачува животната средина“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компанијата АТС Груп донираше 50 контејнери на општина Македонски Брод. Овие контејнери ќе бидат распределени во селата на оваа општина. Претставникот на АТС ГРУП изјави дека донацијата има за цел заштита и зачувување на животната средина.

Градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјановски, рече дека нивната општина е една од општините со најчиста животна средина, затоа донацијата ќе и помогне да продолжи да ја носи титулата „Најчиста општина“.

АТС Груп со сопственик Шефќет Демироски, ќе продолжи со ваквите донации и за другите општини кои имаат најмногу потреба. Истата компанија во врвот на пандемијата на државата и подари 500 илјади маски и 20 илјади тестови за Ковид-19.