Аун: Одговорните за насилството ќе бидат изведени пред лицето на правдата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Либан, Мишел Аун денеска изјави дека одговорните за денешното насилство во Бејрут, при што загинаа шест лица, а 30 се повредени, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Тој додаде дека е неприфатливо уште една оружјето да биде единствено средство за комуникација помеѓу либанските ривали.

На денешните протести во Бејрут, што беа беа организирани од шиитски движења Хезболах и Ама се бараше разрешување на судијата задолжен за истрагата во минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут

Демонстрантите протестираа пред Палатата на правдата, каде се слушнаа престрелки и експлозии. Според организаторот на протестот врз демонстрантите пукале снајперисти од покривот на зградата.

Либанската армија соопшти дека врз демонстрантите е отворен оган додека се движеле кон Палатата на правдата за да учествуваат во протестот. Пукањето се случило во христијанскиот дел од градот, кога демонстрантите минувале низ улицата.

Либанскиот суд претходно ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи својата работа, покажуваат судските документи. Истрагата за експлозијата беше прекината оваа недела откако поранешниот министер за финансии Али Хасан Халил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар поднесоа жалба.

Главниот судија Тарек Битар издаде налог за апсење на Халил.