Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија – загина пилотот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион, кој денеска полетал од аеродромот во Бања Лука, а дестинација бил аеродромот во Зел ам Зе, Австрија, се урна околу 13 часот и 30 минути во близина на аеродромот.

Во несреќата загинал пилотот.

Во авионот кој се урнал на ливада бил само пилотот, а немало пожар на леталото. Се уште не се познати точните околности на несреќата, како и информации за пилотот, пренесува ОЕ24.

Според информациите на flightaware.com, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, некаде над градот Халег.