Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, кој летал од Белград до Цирих, денес извршил итно слетување во Фридрихсхафен, Германија, поради чад во задниот дел од кабината.
Според соопштението објавено на веб-страницата на швајцарската авиокомпанија, станува збор за Ербас А220-300 и лет LX1413.
Во согласност со стандардните процедури во вакви ситуации, соопшти компанијата, екипажот одлучил да се пренасочи кон најблискиот соодветен аеродром и слетувањето се одвивало без проблеми.
На местото на настанот пристигнало медицинско возило и бил организиран автобуски превоз до Цирих.
„Точната причина за инцидентот моментално е под истрага“, се вели во соопштението на компанијата.
