Авион Миг 29 се урна во Индија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ловец Миг-29 на индиското воено воздухопловство се урна поради технички дефект на северозападот на земјата, а пилотот навреме се катапултирал, соопшти прес-службата на индиските воздухопловни сили.

– За време на рутинска ноќна обука за летање во областа Бармер, МиГ-29 на индиските воздухопловни сили наиде на сериозен технички проблем поради кој пилотот мораше да се катапултира – се вели во објава на социјалната мрежа Х.

Причините за инцидентот ги истражува специјална комисија.

ФОТО: Архива