Авион од Рим до Белград задржан на аеродром поради инцидент со возило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на „Ер Србија“ не полетал вчера од Рим до Белград, поради дополнителни технички прегледи. Авионот првично добил дозвола за полетување, но потоа имал инцидент со аеродромско возило.

Авионот не бил оштетен, меѓутоа морало да се запази процедурата, па најголем дел од патниците биле пренасочени по алтернативни патишта до Беглрад, а дел од нив биле сместени во хотел.

Проверките и натаму се во тек, и не е познато кога на авионот ќе му биде дозволено да полета од Рим кон Белград.