Шест лица загинаа кога мал авион се урна во густо населеното предградие Гитураи, североисточно од Најроби, Кенија, соопшти денес официјален претставник.
Меѓу жртвите се и две лица кои биле на земја во моментот на падот на авионот.
Засега, типот на авионот или причината за несреќата не се познати, објави Ројтерс.
