Мал авион се урна во северниот дел на американската држава Колорадо, при што загинаа сите четири лица. Авионот се урнал во близина на скијачкиот центар Стимобоут Спрингс.
Авионот од типот „Епик Е1000“, кој има капацитет од шест седишта, се урнал околу 00:20 часот по локално време со четири патници во него, соопшти Федералната администрација за воздухопловство.
Според прелиминарните информации од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), авионот се урнал во планинска област под непознати околности, а веднаш е почната истрага.
Фото: Архива
