Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион во неделата во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.
„Авион Цесна 207 кој летал од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, се урна во тешко пристапна област“ во источниот дел на Халиско, напиша Цивилната заштита на платформата Х, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.
Полицијата, прва на местото на настанот, „прелиминарно пријавила смрт на седум лица“, но жртвите се уште не се идентификувани.
