Авион се урна во мочуриште во САД, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион се урна во мочуриште во јужниот дел на американската сојузна држава Лузијана, соошштија властите.

Авионот паднал во мочуриштето во близина на автопатот во 20:30 часот по локално време, при што загинаа двете лица кои биле во авионот. Причината за падот ја утврдуваат Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација.

Официјалните лица стигнале до остатоците со чамец, а голем од авионот во кој се превезувале двете лица бил под вода.

Официјален претставник на канцеларијата на шерифот ги потврди медиумските извештаи за Асошиетед прес дека и двете лица се претпоставува дека се мртви.

Дополнителни детали, вклучувајќи го и идентитетот на жртвите, засега не се достапни.