Авиосообраќајот во 2020 година во загуба од 56,2 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата силно го погоди авиосообраќајот во 2020 година, а авиокомпаниите и контролите на летање во Европа имале загуба од 56,2 милијарди евра.

Биле 1,7 милијарди патници помалку од 2019 година, објави Европската организација за безбедност на воздушна пловидба.

Се очекува во 2021 година, авиосообраќајот да се опорави дури за 51%, а сериозното опоравување се очекува од летото оваа година.

Во 2020 година завршена со пад од 55% на авиосообраќајот во однос од 2019 година.

Вкупно биле пет милиони летови во 2020 година, во споредба со 11,1 милиони во 2019.