Австрија: Лебот поскапува за 20 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лебот и пецивата ќе поскапат и до 20% во Австрија, најавува претставникот на австриските пекари Јозеф Шрот.

„Поскапува брашното, а со тоа и лебот, лепчињата и сите пецива. Во зависност од производот, очекуваме скок на цената меѓу 10 и 20 проценти. Не можеме поинаку – објасни тој за дневниот весник „Естерајх“.

Тој рече дека значително поскапеле не само суровините, туку и енергијата.

„Морам да испечам леб и потоа да го доставам. И таму имаме трошоци“ – додаде Шрот.