Австрија беше погодена од пандемијата КОВИД-19 околу две и пол недели пред Северна Македонија. По претпоставка дека најлошото заврши, Австрија сега е во позиција да обезбеди итно потребени средства и добра за помош на Северна Македонија кои се очекуваат да пристигнат во наредните денови преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ (Union Civil Protection Mechanism – UCPM) за справување со пандемијата односно шатори, ќебиња, генератори за електрична енергија, душеци, постелнина за еднократна употреба и средства за хигиена.
„Австрија ја поддржува Северна Македонија во оваа криза со конкретно потребни средства и добра“, изјави министерот за надворешни работи Шаленберг во една прилика. Покрај најтешко погодените земји, приоритет на австриската помош и солидарност е насочена кон земјите од Западен Балкан. Министерот за надворешни работи Шаленберг додаде: „Корана вирусот нè става пред нови предизвици со коишто можеме само заеднички да се справиме. Исто така продолжуваме да работиме заедно и да се залагаме, Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан наскоро да можат да го заземат своето место во ЕУ“.
Австрија освен тоа сака и да покаже солидарност кога болничките капацитети се ограничени заради КОВИД-19. Затоа Австрија и понуди на Северна Македонија третман на пациенти во Австрија. Дури и во време кога пандемијата зема голем замав, болниците во Австрија остана отворени за пациенти за итни случаи од Северна Македонија.
