Австрија: Уапсен маж кој му се заканувал на канцеларот Курц

НАЈНОВИ ВЕСТИ

41-годишен Австриец од околината на Грац е уапсен поради закани кон австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Исто така се заканувал дека палатата во која се сместени владата и претседателот на земјата, ќе ја „дигне во воздух“.

Уапсениот преку својот профил на „Фејсбук“ ги упатил заканите, а бидејќи бил познат на полицијата, заканите биле сфатени сериозно, па е наредено негово апсење.

Засега не се познати мотивите за заканата.