Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со австрискиот амбасадор во РСМ го посетија семејството на Неџип Вранези кој го загуби животот во терористичкиот напад во Виена. Роднините на Неџип вчера се вратија во Австрија, а делегацијата ја пречека чичкото Гајур Каба. Османи рече дека тероризмот не се идентификува ниту по народ, ни по вера, ниту по одредена група туку по индоктринирани индивидуи. Според него двете држави имаат тесна соработка за спречување на можни натамошни терористички напади.
Амбасадорот Георг Вуцас рече дека ова е болно. Според него за овој случај вината не е колективна, туку индивидуална.
Трагичниот настан во Виена, Австрија се случи на 2 ноември кога животот го загубија 4 лица во терористички напад. Меѓу жртвите беше и Неџип Вренези, 21 годишно момче од струшко Велешта. Тој беше убиен од Кујтим Фејзули кој беше дел од терористичката група која го изврши терористичкиот напад во Виена, Австрија.