Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат до 23 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавниот превоз од утре ќе сообраќа до 23 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Последните термини на поаѓање пред 23 часот како и останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено.

Посочениот режим, како што велат од ЈСП, е согласно последната одлука на Влада на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот.