Автобус со романски регистарски ознаки, се судри со автомобил со холандска табличка утрово на патот Велико Трново – Русе во соседна Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.
Според информациите, автобусот кој бил управуван од турски државјанин, директно се судрил со патничкиот автомобил кој бил застанат, и потоа удрил во дрво. Загинале 4 лица, а осум биле повредени.
Од автомобилот нема повредени патници.
Ова е втора автобуска несреќа со жртви утрово на Балканот. Нешто пред 6 часот во Хрватска се случи несреќа со 12 жртви, откако полски автобус излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб.