Азески: Од сите кризи излеговме непоразени, треба да бидеме оптимисти и за оваа криза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бранко Азески оцени дека државата и институциите стекнале доволно искуство од претходните кризи и треба со оптимизам да се пристапи и кон актуелните предизвици.

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Азески изјави дека Македонија успеала да се справи со сите досегашни економски и енергетски потреси без поголеми последици.

„Од сите кризи излеговме непоразени и треба да бидеме оптимисти и за оваа криза. Тоа е големо признание за државата, затоа што се водеше сметка како да се постави кон граѓаните и бизнисот. Институциите и луѓето созреваат и со тоа искуство ќе можат да одговорат и на оваа криза, за која се вели дека ќе биде поголема од сите други“, рече Азески.