Азири: Очекуваме денеска да се изгласа недоверба на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири, пред да влезе во Собранието изјави дека очекува денеска да се изгласа недоверба на Владата.

На прашање за тоа дали некој од пратениците го контактирал за да сменат мислење, тој додаде дека кај него никој ни се јавил, ни пратил порака.