Пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека доцнењето на вакцините е голем неуспех на Владата.
„Сите земји во регионот добија вакцини. Нашата Влада манипулира, вакцина се уште нема. Ова е неуспех, ова е срамота. Граѓаните се разочарани“, истакна Азири во „Click Plus“ на ТВ21.
Во дебатниот магазин „Клик Плус“ вечерашни гости се пратеникот на АА, Елми Азири, министерот за економија Крешник Бектеши и претставникот од СКСЗМ, Менди Ќира.
