„Баба марта“: Мит за бабата која нѐ изненадува секоја пролет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Месецот Март кај некои од словенските народи и кај Македонците е познат и како променлив месец.

Март го добил името по римскиот бог на војната – Марс. Овој месец е замислен како чудна баба која лесно го менува мислењето, и таа „баба“ се вика Марта.

Од тука во март може да паѓа голем снег, но и да стопли и да згрее како да е лето. Може да биде и топла и мила поради пролетта која ја најавува, но може и многу студена.

Затоа меѓу народот има една позната изрека: „Подобро змија да те касне, отколку мартовското сонце да те огрее“.

Баба Марта никогаш не постоела, ја нема во ниту една митологија, туку тоа е персонификација на овој месец и сите негови непредвидливи природи.

Има една легенда која вели дека баба Марта била мила и драга старица, сепак, еден ден кралот Нума Помпилиј се решава на март да го одземе првото место во календарот, и да ги доведе јануари и февруари. Ова толку ја налутила „првата дама во календарот“ што таа станала многу чудна и превртлива. Таа легенда е и до ден денеска.