Вечерва се одиграа првите две осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, во кои Баерн Минхен и Милан се стекнаа со минимални предности во дуелите со ПСЖ, односно Тотенхем.
Баерн Минхен со голот на Коман во 53. минута успеа да го совлада ПСЖ и тоа сред Париз, и така да има предност пред реваншот во Минхен за две недели.
Милан со голот на Диаз во 7. минута, успеа да победи над Тотенхем. Милан во вториот дел имаше уште неколку шанси, но не успеа да ги реализира. Инаку „росонерите“ имаа големи проблеми со повреди, но на крајот успеаја да слават триумф и со предност да одат во Лондон.
