Ако Русија продолжи, ќе воведеме повеќе санкции. Ова го изјави американскиот претседател Џо Бајден кој даде изјава во врска со ситуацијата во Украина. Ова е негова прва јавна изјава откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна Народните републики Доњецк и Луганск како независни држави.
Бајден рече дека се подготвени пакет на санкции кои најпрво ќе ги погодат руските банки, целосно ќе бидат блокирани трансакциите кон Запад.
Исто така најави дека санкции ќе има и кон гасот. Гасоводот од Русија кон Германија нема да добие одобрение за продолжување. Потенцираше дека Русија е агресор, но дека се уште се отворени за дипломатија и дека има доволно време за акција.
