Бајден ѝ честиташе на новоизбраниот претседател на Мексико

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден вчера и се јави на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум , за да и честита за победата на претседателските избори, објави Ројтерс.

Двајцата разговараа за партнерството меѓу САД и Мексико.

Клаудија Шејнбаум е првата жена избрана за претседател на Мексико. Таа извојува убедлива победа на претседателските избори, кои се одржаа во неделата.