Бајден го повика Трамп на ТВ дуел: Направи ми го денот убав, пријателе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот претсеател Џо Бајден, изјави дека нема да учествува на долгогодишната традиција три есенски соочувања со противкандидатот на претседателските избори која ја организира двопартиската Комисија за претседателски дебати, но го покани Доналд Трампг да одржи две ТВ дебати во јуни и во септември.

Бајден повикува на директни преговори меѓу изборните штабови, за правилата што ќе важат за време на дебатите. Исто така предложил и посебна дебата во јули.

„Трамп загуби две дебати од мене во 2020 година, и од тогаш се нема појавено на дебата. Сега се однесува како повторно да сака да дебатира. Па, направи ми го денот убав, пријателе. Ќе го направиме тоа двапати. Ајде да ги избереме датумите. Доналд, чув дека си слободен во среда“, изјави Бајден.