Бајден и Макрон ќе разговараат во петок во Рим

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Американскиот претседател Џо Бајден во петок во Рим ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон, соопшти Белата куќа.

Билатералната средба ќе се одржи пред самитот на Г20 во главниот град на Италија, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Истиот ден Бајден во Ватикан ќе се сретне со папата Франциск.

Средбата Бајден-Макрон е најавена како можност за решавање на спорот што избувна откако Австралија се откажа од договорот за купување француски конвенционални подморници во корист на нов план за набавка на американски нуклеарни подморници.