Бајден ја повика американската јавност да верува во вакцината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека американската јавност би требало да има доверба во вакината против ковид-19 која наскоро ќе биде достапна.

Бајден рече дека борбата против пандемијата е сериозна работа, кој бара „претседателско водење“.

Советодавниот одбор при американската Управа за храна и лекови (ФДА), вчера, убедливо со мнозинство гласови, ја подржа потребата од итна употреба на вакцината против коронавирусот на компанијата „Фајзер“, па земјата сега ја дели само уште еден чекор од вакцинација која би можела да ја запре епидемијата во која починаа блиску 300.000 жители на САД.

Вакцинацијата би можела да почне за неколку дена, во зависност од тоа колку брзо ФДА ќе одговори на препораката од Советодавниот одбор.

Бајден оптимистички кажа дека целта е 100 милиони луѓе да бидат вакцинирани во првите 100 дена од неговиот мандат.