Бајден ќе потпише 10 извршни наредби поврзани со борбата против Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе потпише десет извршни наредби за борба против коронавирусот, вклучително и наредба фондот за непогоди да се искористи за отворање училишта, додека истовремено се бара од луѓето да носат маски во авиони и автобуси“, изјавија официјални лица, пренесуваат американските медиуми.

– Влегуваме во нешто што може да биде најтешкиот и најсмртоносен период на вирусот и мора да ја оставиме политиката настрана, конечно соочувајќи се со пандемијата како единствена нација, рече Бајден за време на инаугурацијата.

Една од наредбите ќе биде носење маски на аеродромите и јавниот превоз, вклучително и во возови, авиони и меѓуградски автобуси, додаваат официјалните лица.

Бајден планира да потпише наредби за формирање оддели за тестирање за Ковид-19 за да се зголеми бројот на тестови. Исто така, планирани се и наредби во однос на вакцинирањето и зголемено производство на вакцини.