Бајден пристигна во Европа каде ќе учествува на Самитот за климата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Европа пред клучниот самит на ОН за климата, кој почнува внедела, а неговата политика за климата допрва треба да биде усвоен во американскиот Конгрес, јави Би-Би-Си.

Пакетот на претседателот од 1,75 трилиони долари за Build Back Better, кој се однесува на социјална заштита вклучува повеќе од 500 милијарди долари за зелени политики.

Бајден в недела ќе замине во Шкотска на глобалниот климатски самит COP26 во Шкотска, но неговата прва станица беше Ватикан, каде што рано изутринава се сретна со папата Франциск. Бајден ќе присуствува и на самитот на Г20 во Рим.