Американскиот претседател Џо Бајден синоќа и се заблагодари на „Чехословачка“ за поддршката што и ја дава на Украина во борбата против Русија!
Тој направи гаф за време на разговор со чешкиот премиер Петр Фијал во Овалната соба. Бајден веднаш се исправи, но направи уште една грешка бидејќи земјата од 2016 година се нарекува само „Чешка“ и Прага инсистира на тој назив.
Мирното одвојување на Чешка и Словачка стави крај на 75-годишното постоење на чехословачката држава.
Новиот гаф доаѓа кога анкетите редовно покажуваат широка двопартиска загриженост кај гласачите за менталната подготвеност на Бајден за втор четиригодишен мандат. Анкетата на Њујорк Тајмс објавена минатиот месец покажа дека 73 отсто од регистрираните гласачи веруваат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, додека само 42 отсто го кажале истото за поранешниот претседател Доналд Трамп (77), кој бара реванш против Бајден во ноември.
Бајден е веќе најстариот американски претседател досега и би имал 86 години доколку го заврши целиот втор мандат.
Погледнете го видеото.
