Бајден со едноминутно молчење – „Нема да простиме, ќе ве ловиме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва на вонредната прес конференција упати предупредување до одговорните лица за денешниот напад на аеродромот во Кабул, Авганистан.

Тој им порача „Ние ве ловиме и ќе ве натераме да платите“.

„На оние што го извршија овој напад, како и на секој што сака на Америка да и наштети, знајте го ова: Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ние ве ловиме и ќе ве натераме да платите. Ќе ги бранаме нашите интереси, а нашиот народ ќе биде под моја команда“, посочи Бајден.

Американскиот претседател на сред прес конференција оддаде почит на 12-те загинати војници со едноминутно молчење.

Претходно, разузнавачките служби предупредија дека аеродромот е најверојатно цел на терористички напад. 

Како можен напаѓач се наведува огранок на ИСИС во Авганистан.