Бајден влезе во Белата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот претседател Џо Бајден, влезе во Белата куќа, првпат како претседател на САД.

Го дочека воен оркестар додека тој проаѓаше со својата сопруга, првата дама Џил Бајден.

Оркестарот свиреше „Поздрав до шефот“ и „Бог ја благослови Америка“ додека тој официјално влегуваше.

Прво што Бајден ќе затекне во кабинетот е писмото кое му го оставил неговиот претходник Доналд Трамп. Писмото се наоѓа на истото место во кое Трамп го затекна од неговиот претходник Барак ОБама.