Бајден во својот прв говор како претседател: Денеска е ден на демократијата, на историјата, на надежта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во својот прв говор како претседател на САД Џо Бајден на Американците и светот му порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.

-Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

„Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес демократијата преживеа”, кажа Бајден на скалите пред Капитолот, непосредно по неговата заклетва како 46. претседател на САД.

Тој призна дека многу луѓе тука во САД и во светот се повредени,  под пресија, но сепак, демократија надвладеа.

Потести на насилството од пред само неколку дена во Капитол, кога демократијата беше нападната од невидливото подземје. Порача секој Американец да се приклучи за подобра иднина.