Бајдевски: Немам црни дамки зад себе, тоа ме охрабри да се вклучам во кандидатурата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за лидер на СДСМ, Александар Бајдевски денеска во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 истакна дека нема црни дамки зад себе, и поради тоа се охрабрил да се вклучи во кандидатурата за претседател на партијата.

„Јас сум долги години во СДСМ, од мојата 18-та година, можам слободно да кажам дека сум пораснат во партијата. Досега сум бил на повеќе партиско општествени функции. Во делот на општественото делување сум бил советник во Кисела Вода мандат 2000-2005 година, и како што кажавте последните години ја извршувам заменик министер за информатичко општество и администрација. Во целиот мој ангажман сметам дека сум работел одговорно, чесно, сметам дека немам црни дамки зад себе и тоа ме охрабри да влезам во оваа кандидатура, да ја споделам мојата визија со партиските другари и да ја побарам нивната поддршка“, вели Бајдевски.