Теологот Зекирија Бајрами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не им дошол добро полицискиот час за време на празникот, но сепак треба да се почитува.
„Ние сме земја со најдолг полициски час. Во Елез Хан се клања вечерната рамазанска молитва, во Прешево исто така, а во Куманово не. На нас не ни дојде добро вака и не велиме дека одлуката е добредојдена, но ќе ја почитуваме“, рече Бајрами.
На прашање од модераторот за тоа дали се надеваат дека во последните 10 дена на Рамазан, Владата и ИЈЗ ќе направат некакво олеснување на мерките, Бајрами вели дека би било добро поради тоа што во последните 10 години имаат и ноќна молитва и ифтари.
„Се надеваме и би било добро бидејќи последните 10 дена имаме ноќна молитва и ифтари, доколку малку се продолжи за да се направат неколку ифтари кои ги прават хуманитарните здруженија за сираци и сиромашни“, посочува Бајрами.
