Во водата за пиење во кичевското село Извор е потврдено присуство на бактеријата Entereococcu Faecalis. (Ентерококи). Ова, по направените анализи, пред неколку дена го објави Институтот за јавно здравје. Во нивното соопштение пишува:
„Од ИЈЗ на РСМ известуваат дека бактериолошки неисправна е водата за пиење во село Извор (општина Кичево) поради зголемен број на колиформни бактерии и присуство на Enterococcus -индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е редовна дезинфекција на водата за употреба за пиење“.
Екипата на ТВ21 го посети селото. Мештаните велат дека не се известени за квалитетот на водата, па затоа продолжуваат да ја консумираат.
До загадување на вода за пиење дошло поради мешање со отпадните води. Оваа бактерија, според инфектолозите, може да предизвика уриногенитални инфекции, респираторни инфекции, како и ендокардитис (инфекција на внатрешниот слој на срцето).