Оваа година мај е невообичаен студен во регионот, и во Македонија. На планините во екс ју земјите имаше и снег. Од Словенија до Македонија, имаше чести облаци со дожд, врнежи и грмежи. Температурите беа под просекот за овој дел од годината.
Снег падна на повисоките планини во Словенија, но и на Велебит, додека на почетокот на мај снегот ги покри пониските планини во БиХ.
Вчера наутро беше многу студено на Балканот. Така на некои места беше измерена температура од нула степени, додека во северниот дел на Црна Гора температурата во Косаница, во близина на Пљевља се спушти на неверојатни -6 степени.
До крајот на неделава во регионот ќе има променливо време, а стабилизирање и затоплување се очекува од почетокот на идната недела кога температурите ќе одат над 30 степени, и се очекува вистинско летно време.
