Фудбалерот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди во интервју за ТВ21 првпат проговори по синоќешната победа против Италија во баражот за Светското првенство.
Тој вели дека тимот се уште е под еуфорија и очекува тие да продолжат да пишуваат историја.
„Тоа е емоција што навистина не можам да ја опишам. Ние сме многу задоволни. Има и игра. Тоа е и финале каде ќе се соочиме со Португалија. Сè уште сме со еуфоријата на победата. Им посакувам на моите пријатели и на Федерацијата да одиме напред и да испишеме историја“, изјави Барди за ТВ21.
