Бредли Баркола се очекува да биде официјално потврден како нов играч на Ливерпул, откако е постигнат договор меѓу страните. Францускиот крилен напаѓач, роден во 2002 година, ќе се пресели во црвениот дел на Мерсисајд за 100 милиони евра, плус 20 милиони евра во бонуси.
ПСЖ, сега веќе поранешниот клуб на играчот, на крајот ги намалил своите финансиски барања во однос на претходно побараните 163 милиони евра и одлучил да го продаде напаѓачот. Одлуката доаѓа и поради големиот број играчи на оваа позиција со кои располага тренерот Луис Енрике.
Преминувањето на Баркола во Ливерпул, во меѓувреме, ќе го отвори патот и за заминување на Холанѓанецот Коди Гакпо од „црвените“. За напаѓачот интерес покажуваат Тотенхем и Манчестер Сити.
