После „фијаското“ од Баерн Минхен од 8:2 во Лигата на шампионите, и сезоната без ниту еден трофеј, Барселона се реши да направи промена на клупата.
Така на местото на Кике Сетијен дојде Роналд Куман, легендарен играч кој го носеше дресот токму на „Каталонците“, а кратко време беше помошник во каталонскиот тим.
Информацијата за Куман ја потврди и самиот клуб.
