Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата во шпанската Ла Лига, а по одигрување на синоќешните дуели покрај Овиедо лигата ја напуштаат Мајорка и Џирона. Елче и Џирона одиграа нерешено 1:1, па така Елче избори опстанок за разлика од Џирона.
Победа постигна и Мајорка против Овиедо, но тоа беше недоволно за опстанок.
Вечерва се игра последниот натпревар од 38.коло (последно) меѓу Виљареал и Атлетико Мадрид. Ова е директен дуел за третото место на табелата зад шампионот Барселона и вториот Реал Мадрид. Двете екипи имаат по 69 бодови со гол-разлика +22; 21 победа; 6 нерешени и 10 порази.
Почетокот на натпреварот е во 21 часот.
