Баша пред обвинителите: Бериша е организатор на насилствата кон ПД и мора да одговара

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Лулзим Баша, кој попладнево даваше изјава во Обвинителството во Тирана, во врска со случувањата пред и во седиштето на партијата во саботата, обвини дека „Сали Бериша е главниот организатор на насилствата и за тоа мора да одговара пред правдата“.

Во Обвинителството тој се задржа околу три часа по што за новинарите изјави дека Бериша со однесувањето ја поминал црвената линија и оти него се помлаку го поддржуваат демократите.

-Сакам да го истакнам барањето што го упатив до органите на прогонот целосно да го расветлат случајот и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата. Насилството беше оркестрирано, организирано и нарачано од Сали Бериша и група платеници и криминалци кои сочинуваат криминална организација. Демократите беа повикани да се користат како фасада, многу мал дел се одзваа на повикот, но се оградија од насилството. Она што се случува е една од најголемите штети што му се нанесуваат на нашето политичко семејство поради нескротливата себичност на Сали Бериша и преклопувањето на неговата лична мака со интересите на демократите и Албанците, рече Баша.

Според него Бериша одамна ја преминал црвената линија и обвини дека заедно со Еди Рама ја попречуваат работата на ПД.

-Црвената линија е помината одамна. Единствен инструмент за промена беше 25 април и тој одамна помина. Значи, сакаме час побрзо да се вратиме во битката што ја започнавме за враќање на легитимитетот и демократијата во Албанија. Нема ни трошка вистина во обвинувањата на Бериша дека сум соработувал со Еди Рама. Напротив двојката Бериша-Рама се помагаат меѓусебно и ја попречуваат ПД во нејзината работа, изјави Баша.

Вчера, Бериша, по дадениот исказ во Обвинителството, саботните протести рече дека миле мирни и обвини дека Баша во седиштето „освен припадници на Националната гарда го бранеле и фундаменталисти, убијци, повратници од Сирија“.

Сето тоа Баша го отфрли и рече дека побарале аситенција од полицијата за да спречат крвопролевање.